Од денес согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, за два денари опаѓа цената на Еуродизел, па сега изнесува 52,0 денари за литар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 67 денари, додека на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изсесува 65 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега изнесува 40,5 денари.
Од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија информираа и дека просечната цена на суровата нафра во светски рамки во изминатите 14 денови била пониска за 6,38% и изнесува 51,570 долари за барел.