Неколку повредени припадници на КФОР можеле да се забележат за време на немирните протести како лежат повредени на улиците на Звечани по интервенцијата на мировната мисија.
Како што објави Радио Слободна Европа тие интервенираале откако претходно ги предупредиле насобраните демонстранти.
Имено, локалното српско население протестира против новоизбраните албански градоначалници на општините на северот на Косово, кои на 26 мај полицијата ги внесе во општинските згради.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото обраќање изјави дека повредени се 52 Срби, од кои тројца потешко и 41 припадник на КФОР.