Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ го споделуваат речиси секој сегмент од заедничкиот живот со своите следбеници на Инстаграм.
Сега Катарина откри што прави Дарко кога таа не е дома.
Имено, сопругата на Лазиќ се вратила од тренинг и го снимила пејачот во кујната.
Тој беше задолжен за подготовка на ручек, па матеше јајца во моментот кога таа пристигна. Таа не откри со што ја изненади, но покажа дека е вешт кај шпоретот.
Ова изненади многумина, бидејќи никогаш не го виделе Дарко во оваа верзија. Познато е дека ги изневеруваше и повредуваше поранешните, што и самиот признал, а сега гледаме колку се променил покрај Катарина.