Јордан Мијалков, син на некогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, се ожени, а свадбата беше приказна сама за себе.
Гламурозната венчавка се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје и го собра целиот македонски џет сет на едно место. Освен македонски изведувачи, присуствуваа и светски и балкански музички имиња кои и настапија. Имено, гостите ги забавуваа и Цеца и Милица Павловиќ, помеѓу раскошните цветни аранжмани, а беа изведени и балетски точки.

Специјално за пригодата Мијалкови ангажираа светски познат фотограф од Италија, кој беше задолжен и за свадбеното видео.

Секако, и младенците беа доследни на гламурот околу нив – Јордан и Анастасија блескаа од среќа, романтично складни во величенствена елеганција.









