-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Мицкоски: Ковачевски изигрува мачо мен – нека каже датум и да се сретнат работните групи, ние прифаќаме!

Ковачевски или Џафери да иницираат работни групи кои ќе договараат датум за избори, ВМРО-ДПМНЕ чека на нив, и веднаш потоа ќе номинира тим кој ќе учествува- изјави претседателот на опозициската партија Мицкоски.

Предлогот 8 мај за двојна трка, парламентарни и претседателски втор круг е во рамки на редовните термини и нејасно е зошто се одолговлекува ова прашање, вели Мицкоски, а ја обвини власта и дека во пресрет на изборна година правеле опструкции за избор на член на опозицијата во Државната изборна комисија..

-Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред еве сѐ нека каже тој. Еве нема предвремени избори Мај месец, 8-ми мај не се предвремени, редовни избори се. Да, му признавам, секоја чест, како тој што кажа така излезе. Еве како тој што ќе каже и дата и ден кој што ќе каже, ќе се сретнат тие работни групи, истакна Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ќе биде формирано вакво меѓупартиско тело, сега се чека од пратеничките групи во Собранието, а според најавите, може уште следната недела на координација кај спикерот Џафери.

На новинарско прашање опозицискиот лидер ја искоментира и запрената истрага за случајот „Делчевски ниви“.. Рече дека вистината сега е на површина, иако со години власта го клеветела за кривични дела лично него и партијата.

-Можеби правдата е спора, но вистината излегува на виделина. Наскоро има уште еден таков случај со уште една политичка партија во улога на слуга и измеќар да ме клевети и тие ќе имаат простор да се извинуваат. Уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена и апелираме оваа пракса на клеветење да престане, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера од ОЈО соопштија дека причина за запрената постапка за „Делчевски ниви„ се сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН. Предметот се однесуваше на купопродажна зделка за земјиште, во која ЕВН им платила 40 пати поскапо од реалната пазарна цена на лица кои се поврзуваа со ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави