Истакнат лидер на Ал Каеда, Кари Јашин кој се смета за одговорен за повеќе терористички напади убиен е во напад на американски дрон во Авганистан, пренесува „Пентагон“.
Наведено е дека Кари Јашин е убиен во напад на американски дрон на 19. март во провиницјата Пактика на истокот на Авганистан кој се граничи со Пакистан.
Кари Јашин е по потекло Пакистанец од југозападната провинција Балучистан, се смета одговорен за бројни напади и злосторства во Пакистан. Обвинет е дека го организирал нападот на 20. септембри 2008 година на хотел „Мериот“ во Исламабад во кој се убиени десет луѓе меѓу кој и двајца американски војници.
„Смртта на Кари Јашин е доказ дека терористите кој го сквернават исламот и намерно напаѓаат невини луѓе неможат да и побегнат на правдата“, рече американскиот министер за одбрана Џим Матис.