Премиерот во посета на Специјалната болница „Бардовци“
Едно рано утро, премиерот на државава и земјава, која ја наследил од татка си, и затоа ниту знае како ѝ е името ниту пак го спомнува, А зошто да го знае? Доволно е тоа што тој знае дека државата е негова, наследена со тапија и ќе ја вика како сака, поточно никако, видно задоволен и максимално грижлив, се преиспитува себе си колку и што добри работи направил и дали нешто или некого заборавил.
Од кога самиот се уверил дела направил многу односно сé, почнал да се присетува на сите негови успеси и лични заслуги.
Со неговата заразна насмевка, полн со себе се “радувал“ на благосостојбата во која живее народот, големата куповна моќ на населението, бесплатната храна на учениците и полните торби со бесплатни учебници, нахранети студенти со изобилна и квалитетна храна секако разновидна, преку задоволните и благодарни пензионери кои секој ден шетаат по улиците.
Од друга страна видно налутен од “неискреноста“ на девојчето од Кривопаланечко кое во името на десетици илјади нејзини врснички се “осмелило“ да обелодени дека е гладно, измрзнато и со разрушен кров над главата, едвај преживува.
Продолжил да прелистува во својата глава, колку го подобрил правосудството, да биде високо правно и праведно, згора над сé еднакво за сите. Безбедноста на граѓаните ја подигнал на највисоко ниво, така што нападите на личниот интегритет и непосредните опасности по животот на граѓаните и го намалил само на околу стотина на ден.
Изразил големо самозадоволство што криминалните мега скандали се во најнепосредна близина до него, така да не се грижиме тој ги знае сите, дури и тие од дома, а како врвна заслуга за успешното справување со криминалот, што себе си ја препишува, е тоа што најтешките криминални дела се случуваат во присуство на многу народ во кафеани, на улица сред бел ден, молови, гаражи, домови заеднички и со тоа допринесувал полесно да се откриваат сторителите на овие тешки кривични дела, убиства.
Пресреќен е што животниот стандард го подигнал на високо ниво и сега само 500.000 луѓе (речиси половина од населението) во неговата држава живеат со 100 денари дневно, а околу 50.000 деца се гладни, необлечени и необуени.
Инфлацијата е секојдневна ама не расти многу со по пет проценти дневно.
Најавените реформи некој друг му ги попречува, иако државата е лично негова, наследена, од што и произлегува неговата апсолутна привилегија сам да ги решава работите, ама тој кој му ја оставил во наследство и самиот не знаеше, така овој немаше од кого да научи ама според и многумина воопшто немал дарба уште од детство до денес.
Меѓународната позиција на својата држава е закована на дното на лагите, измислени вредности, глупави решенија, па би рекол и велепредавнички тенденции со што ја шокира меѓународната заедница, па тие не знаат дали грешно им кажува или тие криво го разбираат.
На крај секако најмногу се радувал на своите успеси во грижата за здравјето на луѓето.
Тука постигнал според своето лично само признавање такви успеси што треба да е горд на себе.
Починати бебиња, сепси, неодговорни доктори, тепачки на клиники, секс скандали, пациенти без инсулин, оние со ретки болести оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, болнички услови нула и на крај случајот ОНКОЛОГИЈА, но со шпанско сериско продолжение на набавки на лекови со ист добавувач каде што доминираат, апсолутна снабденост со лекови ама кои не требаат и не се за граѓаните туку за подрумите, а парите за скапи автомобили, јахти, дуплекси, шетања по светот и оргии полни со перверзија.
И тогаш таман да се израдува на сопствениот успех, дека сé направил како што “знае и умее“ за својот аргатски тим во сопствената држава, умен човек кој не остава ништо на случајност, му текнало што заборавил.
Да, Специјалната болница БАРДОВЦИ.
За сам себе да ја оправда својата совест, решил веднаш да ја посети болницата и тоа сам. Нели со такви резултати од своето работење како и секаде и таму ќе е прифатен како нивен најблизок.
Седнал во личниот автомобил, отишол меѓу “своите“, лично се уверил во нивните страдања и измачување, неадекватната терапија, без санитарни мрежи, со неисправна вода за пиење, разурнати ѕидови и кровови и тешки прангии железни со кои биле врзувани потешките пациенти. Од кога се уверил и ги посочил самите пациенти за главни виновници за сета состојба, како одговорен прв функционер кој се грижи за своите, сепак ветил дека нема да ги остави сами со својата несреќна судбина.
После подолга дружба со несреќните пациенти конечно излегол во дворот, и се стаписал кога видел дека едното тркало од автомобилот негов го нема, и тоа со се бандаж и со се четирите завртки. Ете, и покрај сé имало и незадоволен. Видно возбуден и разочаран, се држел за глава и не знаел што да прави. Тогаш му пришол некој пациент и го прашал што е така несреќен.
Целата колумна прочитајте ја на Република!