6.8 C
Skopje
недела, октомври 26, 2025
spot_img

Тошковски: Внатрешна контрола утврди дека во време на Бојмацалиев е направен пропуст со издавањето лични документи

spot_img

Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи.

Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на конкретното лице, односно наместо во редот со азбучна буква “П“, истата била ставена во редот на азбучната буква “Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок. Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи, истакнува Тошковски.

поврзани објави

         

Последни објави