Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нападна Бугарија , соопштуваат бугарските медиуми.
Ердоган ја нападна Софија за “вршење притисок” врз оние Турци што живеат во Бугарија пред парламентарните избори.
Бугарија протера турски државјанин и забрани на други двајца да влегуваат во земјата по информација дека турски министер водел кампања за поддршка на партија која ги претставува бугарските Турци – најголемото етничко малцинство во земјата, додаваат медиумите.
„И се Обраќам на Бугарија. Им се Обраќам кон нашите соседи и браќа таму. Сериозно сме загрижени од она што слушаме и гледаме дека таму е вршен притисок врз Турците“, рече Ердоган на конференција во Анкара.