Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја продолжува серијата со одлични резултати, па денес забележавме победа над Бугарија со 1:0.
Избраниците на Благоја Милевски уште еднаш одиграа одличен натпревар, а единствениот гол на средбата го постигна Марјан Радески во 43. минута од средбата.
Во вториот дел и двајцата тренери комбинираа со составите, а најубавата шанси за гол ја имаше Петковски кој не реализираше удар од белата точка.