7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Тошковски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Безбедносната состојба на територијата на државата е стабилна, информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по посетата на СВР Скопје.

Тошковски, исто така, потсети дека во пресрет на изборите МВР ги повика сите млади кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која, како што рече, ќе биде изработена во разумен рок и да можат да го оставарт своето гласачко право.

Посочи дека не станува збор за голем број луѓе, односно за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.

Во однос на динамиката на изработка на личните документи, Тошковски рече дека моментално се работи со целосен капацитет, но и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.

-За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите, изјави Тошковски.

Министерот за внатрешни работи исто така, рече дека во пресрет на изборите, при денешната посета на СВР Скопје бил информиран дека безбедноста состојба на територија на Скопје и целата територија на државата е стабилна. (МИА)

поврзани објави

Последни објави