Силјановска-Давкова: Народот им вели дека водат погрешна политика, а овие си играат оро
Гордана Силјановска-Давкова синоќа од Кичево коментираше и за играњето на оро на митингот на СДСМ. Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коментираше дека во моментов на Македонија и се случува „тешкото“ оро.
„Над 70% од народот им вели водите погрешна политика, а овие си играат оро, но ни се случува „тешкото“ оро, ама нив тоа не ги допира, затоа што се однародени и оттуѓени“, рече Силјановска-Давкова.