Светски познатата компанија за производство на гуми Pirelli ги претстави Pirelli Connesso, паметен систем за гуми кој на возачите им помага подобро да ги одржуваат возилата. Во линијата паметни гуми се вклучени два вида гуми, P Zero и Winter Sottozero ranges. И од двата вида сензорите собираат податоци како поминати километри, темпeратура и притисок (дури и кога не се вози автомобилот) како и колку се изабени гумите. Информациите се собираат за секоја гума поединечно, се ставаат во облакот на Pirelli и потоа се испраќаат до возачот преку посебна апликација.
Гумите испраќаат предупредување пред гумите да се истрошат целосно и возачот да има време да ги смени со нов. Обврските на возачот уште повеќе се намалуваат сo оглед на тоа дека апликацијата за гумите има опција да ги пребара локалните работилници и да провери каде може да се изврши замената или поправката. Може и да се закаже термин за поправка.
Понатамошниот развој на сензорите ќе биде фокусиран на социјалниот аспект на апликацијата односно на возачите да им се испраќаат известувања за идни настани врзани за автомобили. Паметните гуми ќе почнат да се продаваат во САД ова лето, а подоцна годинава ќе бидат достапни и во Европа и во остатокот од светот.