Авион на перуанската компанија „Перувиан ерлајнс“ со 141 патник и членови на екипажот се запали во текот на принудно слетување на аеродромот Хауха, на Андите, никој не е повреден, изјави министерот за внатрешни работи на Перу, Карлос Басомбрио.
Спрема неговите зборови авионот неможел да се сопре на пистата, извел маневар со крилото со цел да се сопре и тоа предизвикало пожар, пренесува „Ројтерс“.
„ББС“ јавува дека пожарникарите го угасиле пожарот без да се предизвикат поголеми проблеми и дека истрагата е во тек.