-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димитриевски: Македонецот треба да се крене, да каже – Доста е!

Оваа држава ја направил македонскиот народ. И затоа Македонецот треба да се крене, да се одважи да каже – Доста е! Време е за суштинска промена, порача вчера во Битола претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

-Време е граѓанинот да ја земе судбината во свои раце. Јас ќе бидам Претседател кој доаѓа од вас граѓаните, ќе биде со вас, граѓаните и ќе работи за вас, граѓаните. Бидете одважни, не потпаѓајте на притисоци, зашто сите се видени. Сите се веќе прочитан буквар. Суштинските промени доаѓаат со Движењето ЗНАМ и бројот седум“, рече Димитриевски пред граѓаните на Битола, нагласи тој.

Според него, Македонија низ својата историја водела многу борби, имала препреки и проблеми, но македонскиот народ секогаш знаел да изнајде соодветно решение и да стави крај на тоа што го тишти.

-Во овој момент најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години. Тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. И дојде време, невреме кадешто граѓанинот е на дното, а елитата на врвот. Си седат по кабинетите и си се договараат со својот вечен партнер ДУИ за ситните цели, рече Димитриевски.

поврзани објави

Последни објави