5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ДУИ: Ја поздравуваме посветеноста на САД за европската иднина на Македонија

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за продолжување на духот на Договорот од Преспа и продолжување на европскиот пат на Македонија.

Денеска, по којзнае кој пат Стејт департментот на САД побара политичкиот дискурс на Македонија и по 8-му мај да се заснова на факти, на посветеноста на Договорот од Преспа и на спроведување на реформите што водат за побрзо членство на земјата во Европската Унија.

ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат САД, како стратешки партнер на Македонија, дека и по изборите на 24-ти април и 8-ми мај, патот на земјата останува кон Европската Унија и нема да се дозволи никакво движење што го поткопува веќе трасираниот пат по пристапување на земјата во НАТО.

поврзани објави

Последни објави