Кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Силјановск -Давкова, денеска се заблагодари на јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:
„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“, напиша Силјановска на Твитер.
Димитриевски денеска истакна дека ќе гласа на претседателските избори и дека нема да го чкртне ливчето.
– Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски – рече лидерот на ЗНАМ.