Германскиот репрезентативец Месут Озил би можел да биде дел од еден од најконтровезните трансфери во историјата на фудбалот. За играчот на Арсенал има интерес од Манчестер Јунајтед, Челси и Баерн Минхен.
Озил одбил да го продолжи договорот со Арсенал, а Баерн Минхен има огромна предност за неговиот потпис поради неговата желба да се врати во Германија и да биде поблизу до своето семејство.
„Нема да го исклучам враќањето во Бундеслигата, пред се поради мојата фамилија односно мојата мајка. Имам уште една година од договорот со Арсенал, сите опции се отворени“, изјави Озил.