25.8 C
Skopje
Friday, June 28, 2024

Граѓаните ни дадоа поддршка, за возврат ќе го оставиме срцето на терен“ – Мицкоски го достави составот и програмата на владата во Собрание

Срце на терен, напорна работа и брзи резултати. Наместо привилегирана политичка каста, и граѓани од трет и понизок ред – еднаквост помеѓу сите. Борба против корупцијата, нулта толеранција за криминалот, подобар животен стандард. Заложбите на мандатарот и идните министри јасни, програмата и составот поднесени до Собранието.

Во сабота на 22 јуни ќе започне расправата за избор на новата влада предводена од Христијан Мицкоски. Најдоцна до недела на полноќ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на Владата. На таканаречената семејна фотографија друштво ќе му прават министри од неговата партија, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните. Само со напорна работа, да го оставиме срцето на терен, да немаме поделба на граѓани од прв ред и граѓани од втор и трет ред, односно сите да се чувствуваат подеднакво, да нема политичка каста која што ќе биде привилегирана а сите останати да бидат граѓани од втор, трет ред па и понизок ред, тоа јас го гарантирам лично, дека нема да се случува, порача Мицкоски.

Мицкоски верува дека членовите на неговата влада ќе бидат исклучително мотивирани да постигнат резултати на секое поле.

Иако нискиот животен стандард е голема мака за народот, граѓаните се разочарани и од високот ниво на корупција, и криминалот кој се затскривал сите овие години. Вети дека секој што ќе се огреши ќе одговара пред законот и нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа каква било злоупотреба.

Имаме група на луѓе која што ќе биде дел од идната влада која што е исклучително мотивирана да веднаш постигне резултатите. И јас очекувам дека секој еден од нив максимално ќе се заложи, ќе даде и повеќе од својот личен капацитет да направиме нешто за нашите граѓани. Тие тоа го заслужуваат, бидејќи тие своето го направија, сега е на ред ние да направиме нешто за нашите граѓани. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира. Истовремено озбилно планираме да расчистиме со сомневањата, информациите кои што посебно изминатиов период и доказите стигаат до нас за многу злоупотреби кои што се случувале изминативе 7 години, тоа им го должиме на граѓаните и лично тука ќе се заложам, порача Мицкоски.

Мицкоски побара од новинарите да бидат критички настроени кон идната влада, и најави дека секогаш ќе бидат тука да ги слушнат забелешките на медиумските работници.

поврзани објави

Последни објави