Новиот iOS 10.3 веќе пристигна и некој од корисниците веќе ги ажурирале својте Ејпл уредувања на најновата верзија. Меѓутоа една работа во врска со овој апдејт на корисниците им приреди непријатно изненадување
Самото ажурирање на веќе постоечката верзија на оперативниот систем на iOS 10.3 се одвива премногу бавно. И покрај тоа што големината на апдејтот релативно е околу 600МБ а времето за да се инсталира е исцрпувачки долго.
Сајтот „Ејпл Инсајдер“ наведува дека постаријот уред како „Ајпад Ер 2“ ажурирањето трае околу 50 минути, главната причина за овој проблем е потполно нов фајл систем наречен „ Ејпл Фајл Систем“ кој ги заменува поранешните ХФС од 1998 година и ХФС од 1985 година.