Пет милиони лица ја напуштиле родната земја Сирија во последните шест години додека трае војната, соопшти денес Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Од страна на УНХЦР се врши притисок на земјите да ги засилат напорите за сместување на околу половина милион лица, од кои на 250.000 веќе им е ордедено место за престој.
Барбар Балох, портпаролот на УНХЦР истакна дека бројката од 5 милиони не е предизвикана од некои посебни настани, таа бројка пред една година изнесувалата 4,8 милиони.
Внатрешно раселување има на околу 6,3 милиони луѓе, додека од петте милиони, дури 2,97 милиони Сиријци се сместени во Турција.