21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

УБАВА ВЕСТ: Министерката – ќе има покачување на платите за настаниците во основните и средните училишта!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта.

Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет…Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид

поврзани објави

Последни објави