Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, на денешното судско рочиште рече дека не учествувал во грабнувањето на неговата ќерка, како што тврди Обвинителството.
„Јас загинав на 27 ноември, чувствувам болка што не може да се објасни со зборови. Но, во овој процес ќе помогнам целосно да се расчисти оваа работа со имиња и презимиња”, рече Ѓорчевски.
Адвокатот Маријан Витановски, кој го брани првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покажа со прст кон другите обвинети во процесот, обвинувајќи дека од нив се најдени биолошки траги, но не и од неговиот клиент. Според Витановски, за другите има докази, но за Палевски – никаков доказ.
Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска (20 септември) седнаа на обвинителна клупа во судница и сите негираа вина за делата за кои се товарат.