6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ доби осуда од демократскиот свет

„Неодговорното однесување на Никола Груевски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет.

На Груевски преку Резолуцијата усвоена од Европската народна партија јасно му беше ставено до знаење дека нема толеранција за корумпирани политичари и корупциски скандали. ЕПП ги осуди и провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации.

И германскиот Бундестаг упати порака до Груевски и Иванов дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција.

Меѓународната заедница дава поддршка на огромното мнозинство од 700 илјади граѓани кои гласаа за промени и ја очекуваат новата реформска Влада.

Секој ден изгубен во меѓусебни реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е ден без покачена минимална плата на 12 илјади денари, без евтина тарифа на струјата, без укината радиодифузна такса и без укинато екстерно тестирање, без решен статус на стечајните работници.

Граѓаните и меѓународната заедница очекуваат веднаш да биде избран претседател на Собранието, за тој да го извести Ѓорге Иванов дека треба да му го даде мандатот на претседателот Зоран Заев и да биде формирана новата реформска Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави