Најмалку 29 лица се уапсени денеска во Москва во врска со антивладините протести против корупцијата во изминатите денови. Официјалните информации за нивното задржување е дека тие го прекршиле јавниот ред во руската престолнина, посочи пресслужбата на московската полиција.
Новинар на француската агенција на местото на настанот, исто така потврдил дека бил сведок на апсењето на околу 30 лица.
Предводник на протестите е опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше осуден на 15 дена затвор.