Над 600 производи од 15 декември ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пресконференција.
– Во присуство на производителите и дистрибутерите, на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме – нагласува премиерот.
Тој истакна дека не станува збор за интервентна мерка, не е ограничување на цените, туку договор со сите засегнати страни, и ќе се проверува само дали се почитува договорот, со кој ќе се намалат цените на 600 прооизводи кои се одрбрани со заеднички консензус, со цел да го помогнеме стандардот на македонските граѓани.
Со акциските цени ќе бидат опфатени повеќе производи од типот на леб, житарки, месо, месни преработки, риба, млеко, млечни производи, кондиториски производи, свежи овошје и зеленчук, пијалоци.
Тука се опфатени 675 производи, од 65 компании и дистрибутери. Производите кои ќе бидат опфатени, ќе бидат означени со логото „Помалку трошоиц, повеќе за тебе“ – укажа министерот. Тој дополни дека за подобра информираност на граѓаните ќе има веб страна „Мојакошница.мк“, на која граѓаните може да се информираат кои производи ќе поевтинат.
Премиерот и министерот истакнаа дека листата на производи не е конечна, и може да се надополнува во секој момент.
– Ова е акција направена од општествени компании кои на граѓантие за празниците ќе им понудат повеќе. Не се предвидени казни, односно нема да има контроли, таа ќе ја прават самите граѓани, кои ќе купуваат од производите и кои ќе кажат самите дали има или нема намалување на цените – укажа министерот.
На новинарско прашање за тоа дека производите изминативе денови биле зголемени, и дека сега со попустот ќе се намалат на нивото на кое биле пред поскапувањето, министерот рече дека бидејќи се намалуваат цените на доброволна основа, ако откријат зголемување на цените пред акцијата, ќе постапат согласно законите. Премиерот пак надополни дека службите ќе ги проверат центие кои биле овие денови, и да се направат проверки за можна манипулација на договорот, но истакна дека не очекува манипулации од бизнис заедницата.
– Ако видиме дека некој манипулира, имаме алатки да ги казниме. Пазарниот инспекторат има начин да ги провери цените, ако некој сака да манипулира, има алатки да ги спречиме – дополни премиерот.