-8.2 C
Skopje
Saturday, February 22, 2025

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ се синџирите маркети кои меѓусебно договарале цени и кои биле фатени од Комисијата за заштита на конкуренцијата

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ се синџирите маркети кои меѓусебно договарале цени и кои биле фатени од Комисијата за заштита на конкуренцијата, дознава НетПрес од сопствени доброупатени извори.

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ биле откриени при ненајавен увид на надлежните државни органи.

„Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку синџири на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На страница на социјалната мрежа Фејсбук на оваа државна институција е наведено:

„При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање“.

Како што се посочува, контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка. Комисијата за заштита на конкуренцијата, понатака информира дека интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе преземе најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

поврзани објави

Последни објави