Во помен на 21 година од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, како дел од делегацијата на СДСМ, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, положивме цвеќе на гробот на државникот Трајковски.
„Блажени се тие што градат мир“ – вели библиската порака на надгробниот споменик на претседателот Трајковски.
Нека му е вечна слава, стои во соопштението на Оливер Спасовски.