Македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање на ФИФА листата напредуваше за рекордни досега 33 позиции и од денес нашите сениори се на 133. место во светот.
Ова беше за очекување после позитивните резултати и убедливи победи против Лихтенштајн и Белорусија. На најновото рангирање Македонија имаше најоглем скок од сите репрезентации и од 166. место дојде до 133. место.
Најмногу назадуваше репрезентацијата на Либерија која 102. место назадуваше дури 39 места и сега е 141 во светот.
Промени има и на врвот на ФИФА листата, нов лидер е Бразил кој по седум години повторно е на врвот, а втора е Аргентина, десетката ја комплетираат: Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.