Естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“ повеќе нема да оди во етар, откако веќе е повеќе од јасно дека една од најдобрите емисии во Македонија комплетно згаснува.
Оваа информација уште синоќа ја споделија дел од новинарите во „Бекстејџ“, а иако нема официјална потврда од продукцијата, се очекува тоа да се случи наскоро.
Емисијата „Бекстејџ“ се појави за прв пат на телевизија Сител во 2008 година, каде остана се до 2013, по што се префрли на МРТ и се емитуваше до 2015 година. Во последните две години брендот беше дел од телевизија Алфа.
Дел од тимот на „Бекстејџ“ беа Мартина Михајловска, Николина Славковска, Миа Костова, Ева Јакимовска, Кристина Петровска, Елеонора Лозналиева, Даница Караташова, Јулија Цветковска, Андреј Игњатовски, Дејан Дојчиновски, Владимир Стојановски, Марио Наумовски, Петар Наумовски и Александар Блажевски.
„Бекстејџ“ двапати ја освои наградата на популарноста за најдобра ТВ емисија од страна на „Златна Бубамара“ во 2008 и 2009 година, како и за најдобар ТВ проект во 2010 година.
Не затоа што беше мој, не затоа што пораснав со него, туку едноставно затоа што беше единствен таков и баш затоа издржа…
Posted by Миа Костова on Saturday, April 8, 2017