Товарен воз излетал од шините на мостот во западна Романија, а двајца ги загубиле животите, соопштува романската полиција.
Романската државна железнца вели дека 14 од вкупно 16 вагони се превртеле и излетале доста далеку. Потпаролот на полицијата Богдан Ниту соопштил дека железничкиот сообраќај кај градот Петрошани е во прекин после несреќата.