Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во изјава за Лајм рече дека мнозинството од 67 пратеници за ДПА е апсолутно легитимно, истакнувајќи дека гласовите на ДПА ќе го поддржат мнозинството.
„Според нас одлуките на Иванов и ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Собранието претставува суспендирање на основите принципи на демократијата, директно газење на Уставот и законите. Ние со гласовите што ги имаме освоено ќе го поддржиме мнозинството од 67 пратеници.
Сакам да бидам јасен, овие два пратеника на ДПА се во легитимната 69-ка, и секогаш ќе бидат. Доколку 67-те пратеници направат влада, може да се случи некој да го бојкотира Собранието, но тоа нема да бидеме ние“, вели Тачи.