11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вангеловски: Врховен суд издаде барање, СЈО одби да постапи според него

Врховен суд преку соопштение на својот официјален сајт се пожали од Специјалното јавно обвинителство, посочувајќи дека уште во четвртокот побарале информација, но се уште не добиле никаков одговор.

Какво барање било испратено од Врховен суд до СЈО не е познато, но неофицијално шефовите на кабинет Јово Вангеловски на едната и Катица Јанева на другата страна разговарале телефонски неколку пати.

Во соопштението стои:

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Поради итниот карактер на доставеното барање, Шефот на Кабинетот на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со Шефот на Кабинетот на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде сеуште нема одговор по поднесеното барање.

Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави