Сите погледи се свртени кон Германија, по ексползијата која се случи пред почетокот на дуелот помеѓу Дортмунд и Монако. Повреден во целата ситуација е дефанзивецот Марк Бартра, па за медиумите изјава даде неговиот татко.
„Тоа се мали повреди, сите останете смирени, поголем е шокот кој го добил од експлозијата. Од експлозијата, дел од скршеното стакло од автобусот завршило во раката на Марк“, откри неговиот татко.
Со брза изјава се вклучи и Ханс Јоаким Вацке, извршниот директор кој порача дека не е убаво да се шират дезинфорамции, повика на смиреност и посака што побрзо да се заборави оваа непријатна случка.