-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВИДЕО: Демонстранти протестираа без облека на себе

Индиските земјоделци кои бараат поништување на кредитните долгови и државна помош поради сушата, протестираа голи пред зградата на парламентот во Индија.

Необичниот спектакл во Њу Делхи е организиран поради откажување на состанокот помеѓу премиерот Наренд Модиј и фармерите од сојузната држава Тамил Наду.

Земјоделците протестираат неколку недели поради лошата економска ситуација. Настојувајќи да испратат порака до властите и да укажат на проблемите со кои се соочуваат фармерите од Тамил Наду од ден на ден протестите стануваат се по масовни и по масовни. Демонстрантите укажуваат дека најмалку 250 земјоделци извршиле самоубиство во последните неколку месеци поради лошите услови за живот и стресот.

 

поврзани објави

Последни објави