Индиските лекари немаат одговор на екстремната дебелина на малата Чахат од индиската провинција Пенџаб, на која итно и е потребна помош да ослабне.
Таа во моментов тежи 17 килограми и продолжува да добива на тежина и се смета за најдебело бебе на нејзина возраст на светот.
Драстично почнала да се дебелее пред четири месеци, почнала да јаде како 10 годишно бебе и оттогаш има проблеми со дишењето и спиењето.
Бебето сумо борач, како што го нарекоа медиумите, наскоро ќе замине на прегледи во Њу Делхи, зашто локалните лекари велат дека не се охрабруваат да применуваат третмани како за возрасни.