Адвокатската комора на Турција смета дека одлуката на Високата изборна комисија во Турција во последен момент да се прифаќаат гласачки ливчиња без печат на референдумот во неделата, е јавно нарушување на законот и може да влијаело врз резултатите.
„Со такво незаконско решение членовите на изборните комисии биле доведени во ситуација да сметаат дека е правилно да прифатат гласачки ливчиња на кои нема печат“, се наведува во соопштението.