Европската комисија ја повика Турција да ги испита “можните неправилности” за време на референдумот од неделата, дозволувајќи нови и проширени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
“Ги повикуваме турските власти да ги размислат следните дејствија внимателно и да го следат најширокиот можен национален консензус по референдумот”, изјави портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.
Во реакцијата, ЕК ги повикува властите да одржат транспраентна истрага за можните неправилности откриени од набљудувачите.