Лидерот на Долниот дом (Домот на општините) на парламентот на Велика Британија Дејвид Лидингтон изјави дека во врска со предлогот на премиерот Тереза Меј да се одржат предвремени парламентарни избори во земјата, Парламентот е подготвен да се распушти на 2 мај, пишува The Guardian
Распуштањето на Парламентот ќе се случи по полноќ на 3 мај. Во пракса тоа значи дека ќе се случи во текот на ноќта на 2 мај “, потврди Лидингтон.
Претходно денеска Тереза Меј соопшти дека назначи датум за парламентарни избори во Велика Британија. Датумот е 8 јуни.