Научна конференција на тема „Библијата и книжевноста“ ќе се одржи денеска и утре во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
На отворањето на конференцијата ќе се обратат претседателот на МАНУ Таки Фити и академик Катица Ќулавкова, раководител на проектот „Методи на книжевната херменевтика“.
Меѓу учесниците на конференцијата се претставници од Модлин колеџот и Факултетот по англиска книжевност при Универзитетот „Оксфорд“, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Институтот за филозофија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Балканскиот институт за вера и култура.