Во однос на наодите за валидноста на дипломата на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, Градот Скопје веднаш по изнесените наоди во јавноста на одредени организации, започна постапка на проверка на истите во соодветните државни институции.
Градот Скопје се обрати до надлежните институции кои се надлежни за оваа проблематика и веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста“, се вели во реакцијата на Град Скопје.