5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

ОММ јавно ги поддржува децата со посебни потреби

Обединета Младина за Македонија јавно ги поддржува децата со посебни потреби кои како категорија на граѓани во Р.Македонија се потполно запоставени и не им се овозможени апсолутно никакви услови со кои барем за момент би се почувствувале како дел од оваа држава со апсолутно никакви разлики и не етичка дискриминација.

Тие деца имаат во целост права како и сите останати во оваа држава , тие не се никакво чудо или нешто необично , тие се луѓе од крв и месо и заслужуваат услови какво што им приличат . Односно треба да уживаат услови кои ги има во секоја нормална држава каде граѓаните претставуваат една целина и каде не се врши поделба и дискриминација на истите.

Мисијата е едноставна и треба да им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка , помош , пристап до информации , обезбедување и остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот.Процесот мора системски и интегрирано да се решава со заедничка соработка со Министерствата за труд и социјална политика за образование , општините , училиштата , родителите , што ќе овозможи квалитетен живот од најрана возраст , се до вработувањето кога се вклучува бизнис – заедницата.

Се надеваме на брзо превземање на мерки и реализација на истите со цел да им се помогне на овие лица кои се подеднакви жители на ова поднебје како и сите останати.

поврзани објави

Последни објави