6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Села до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте подготвени да гласате СЈО да влезе во Уставот, јас ќе гласам за нови предвремени парламентарни избори

Зијадин Села од Алијансата денеска од собраниската говорница рече дека тој нема да дозволи неговите деца да имаат иднина во која владее корупцијата, криминалот и моќта на поединци. Тој порача дека би прифатил нови предвремени парламентарни избори, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа СЈО да влезе во Уставот.

„Ние албанците имаме еден израз – како ќе му се обратиш на планината, така ќе ти врати. Оваа дебата во парламентот се говори за се, но тоа што е на дневен ред воопшто. Колегата говореше за декларација, за нови избори, за институциите и чувствувам како да сме во предизборна кампања. Јас знам каде ви е маката. Декларацијата постоеше кога имавте мандат вие. Маката ви е СЈО. Вие сакате да ја избегнете одговорноста пред законот, пред правдата.

Јас не сум дел од политичарите кои што сакаат на своите деца да им остават иднина во кои важи моќта, корупцијата. Ако се прифатат нови избори тогаш пак нема да бидеме сигурни дека Иванов пак нема да го даде мандатот. Ако веќе толку сакате избори, тогаш нека бидат заедно и претседателските, предвремените парламентарни избори и локалните избори. Ајде овде да гласаме за СЈО да влезе во Уставот и да одиме на предвремени парламентарни избори. Прашајте го вашиот колега, ако сте подоготвени да гласате за СЈО, јас ќе гласам за нови предвремени парламентарни избори. Кај вас има страв од одговорност од законот за сето она што го имате сторено“, рече Села.

На ова негово излагање, реплика имаше Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како си сеел, така ќе си жнееш, како си дробел, така ќе си сркаш. Вие кажавте дека знамето и грбот не го прифаќаш. Каков однос сакаш од нас кога не го признаваш тоа. Што е СЈО? Претседателот Никола Груевски и Иванов јавно им понуди на пратениците од СДСМ да се откажат од вашата платформа која велите дека не е опасна, ниту страшна, со тоа што ќе ги носи во затвор сите од ВМРО-ДПМНЕ. Обратен е проблемот а тоа е дали сте спремни да имаме соживот,“ посочи Јовановски.

поврзани објави

Последни објави