Николас Кејџ го повреди својот глужд за време на снимањето на полицискиот акционен филм „Код 211“, што се одвива во Софија, Бугарија.
53-годишниот актер бил примен во Военомедицинската академија со фрактура на глуждот, соопштија од здравствената установа. По укажаната прва помош, лекарите изразиле подготвеност да го опрерират веднаш, но претставници на Кејџ сепак откажале и актерот заминал за лекување во САД.