Мака (лепидиум) е коренеста билка која потекнува од врвовите на Андите во Перу. Расте во едни од најсуровите услови на малку предели во светот во екстремни услови како температури на замрзнување, силни ветрови и интензивна сончева светлина.
Често почвата во која расте е богата со вулкански материјали. Мака е е единственото растение кое може да расте на толку големи височини и на такви екстремни услови. Повеќе од два милениума , Перуанците го користеле коренот од Мака како храна и за медицински услови како подобрување на издржливоста, зголемување на енергијата, виталноста и сексуалната енергија.
За Мака во борбата за зголемување на плодноста се зборува со векови. Во 1500тите години, откако Шпанските освојувачи ја освоиле Јужна Америка, Шпанците започнале да искусуваат влошени здравствени услови, неплодност а исто така и нивната стока. Ова се појавило поради големите надморски височини на Андите. Домородните Перуанци им предложиле на Шпанците да го хранат својот добиток но и самите да започнат да консумираат Мака. Резултатите било толку драматични и резултирале со севкупно подобрено здравје на освојувачите што за овој период постојат можеби и првите записи за лековитата моќ на Мака.
Како делува Маката:
Maка коренот е адаптогено растение кое во броји истражувања се покажало дека помага при подобрување на плодноста кај мажите и жените. Во својот состав има 31 различни минерали и 60 различни фитонутриенти, Мака е билка која го зајакнува ендокриниот систем (како и жлездите кои имаат големо влијание врз хормоналниот баланс). Мака е доста истражувана во полето на зголемувањето на плодноста уште од 1961 година и е потврдено дека содржи состојки нареено глукосинолату кои може да влијаат врз плодноста и кај мажите и кај жените. Овие алкалоиди се одговорни за способноста на Мака да го поддржи хормоналниот баланс.
Бенефити од користење на Маката:
- Го поддржува нормалниот хормонален баланс
- Го подогнува нивото на енергија и ментална бистрина
- Ја поддржува тироидната жлезда
- Ја поддржува нормалната сексуална функција