-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Apple“ годинава очекува рекордна продажба од над 230 милиони мобилни уреди

Apple секоја година руши рекорди со продажбите на својот iPhone, а истото ги очекува и годинава бидејќи е предвидено дека ќе продаде 230 милиони уреди. Овој број на уреди ги вклучува само iPhone 7s, iPhone 7s Plus и iPhone 8 моделите.

Конкретно, прогнозите се дека ќе бидат испорачани помеѓу 220 и 230 милиони iPhone телефони, толку колку што Apple планира и да произведе. Се што е над тоа ќе ги пробие бариерите дури и на оваа мегакомпанија. Но фактот којшто е најинтересен е тој дека продажбата ќе биде фокусирана само на три модели на iPhone.

Се претпоставува дека iPhone 8 ќе стигне на пазарот само неколку седмици после iPhone 7s и 7s Plus, а периодот во кој ќе се појават овие модели се очекува да биде при крајот на третиот или почетокот на четвртиот квартал. Веќе е јасно дека iPhone 8 нема да се чека до 2018 година и дека Apple ќе пронајде решение за проблемот со производството на TouchID сензорот кој треба да биде сместен во OLED екранот.

Она што е интересно исто така е тоа што во целата оваа приказна не се застапени прогнози за моделите iPhone SE, iPhone 6s и 6s Plus. Заедно со овие модели бројот на продадени уреди би можел да помине 300 милиони.

поврзани објави

Последни објави