Филип Талески се покажа како вистински лидер на младинската ракометна репрезентација во победата над Турција, со која обезбедивме пласман на Светското првенство во Алжир.
Новиот ракометар на Рајн-Некар Левен по натпреварот беше задоволен од прикажаното на своите соиграчи, обезбедувајќи пласман на потешкиот начин.
„Не ја искористивме шансата со победа над Португалија да го обезбедиме пласманот, но како што велиме Македонецот секогаш го избира потешкиот пат, а ние овојпат успеавме да ја оствариме целта. Разликата што ја бркавме на терен е тешко да се напише и на хартија, но ние излеговме на терен и успеавме за прв пат во историјата како младинска репрезентација преку квалификации да обезбедиме пласман на СП“, изјави Талески по големата победа над Турција.