11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Претседателот на хрватскиот парламент поднесе оставка

Претседателот на парламентот во Загреб Божо Петров поднесе оставка и побара да се одржат нови избори.

“Гласањето за доверба на министерот за финансии Здравко Мариќ покажа дека во парламентот нема мнозинство. Кризата беше предизвикана од (премиерот Андреј) Пленковиќ, кој го бранеше министерот , знаејќи што се случува во “Агрокор”,а потоа се стави во заштита на се што се случува во компанијата, и тоа предизвика проблеми во Хрватска. Пленковиќ нема право да е на чело на владата, бидејќи нема поддршка од 76 пратеници во Сабора. „Поднесувам оставка од функцијата претседател, единственото решение е закажувањето на избори “, изјави Петров.

Денес парламентот не можеше да донесе одлука по гласањето на доверба на министерот за финансии: за и против беа 75 пратеници, а еден не присуствуваше. Претходно партијата МОСТ поднесе до парламентот предлог за распуштање на Собранието и за одржување предвремени избори.

поврзани објави

Последни објави