fbpx
17.8 C
Skopje

5 професии кои веќе не постојат

АКТУЕЛНО

Во современиот живот се појавија професии кои чисто и едноставно не постоеа пред 10 или 20 години – на пример аналитичар на социјалните медиуми или некој кој што создава мобилни апликации. Во исто време некои стари професии веќе ги нема.

Што се случило со нив?

Исчезнувањето на некои постари активности може да се објасни со технолошкиот напредок.

1. Човек кој ги реди куглите за куглање. Обично тоа биле мали деца кои ределе куглите наместо натпреварувачите.
2. Човек задолжен за будење. Овие луѓе имале обврска да го разбудат својот претпоставен, за да не задоцни за работа. Тие користеле стапчиња, камчиња или свирки.
3. Разбивачи на мраз Пред модерната технологија да стане достапна, тие го разбивале мразот на замрзнати езера, за потоа луѓето да ги наполнат своите ладилници. Тоа е опасна работа, вршена во тешки услови.
4. Човек кој слушал за непријателски авиони Пред доаѓањето на радарите војниците користеле акустични огледала и звучни уреди со кои да го фатат звукот од моторот на непријателскиот авион.
5. Ловци на стаорци Били користени претежно во Европа, за да се справат со ширењето на стаорци. Често биле изложени на опасност од убоди и инфекции.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -