До 44 лица е зголемен бројот на загинатите за време на протестите во Венецуела, кои траат повеќе од еден месец.
Како што соопшти организацијата “Венецуелски орган за следење на социјалните конфликти” бројката на жртви е направена во период од 1 април до 7 мај. Претходно властите соопштија за 36 убиени во протестите.
Протестите во Венецуела започнаа на 4 април, по одлуката на Врховниот суд сериозно да се ограничи власта на опозициското Национално собрание. Одлуката беше поништена, но поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците со барање на оставка на членовите на судот и предвремени избори. Сега тие протестираат против свикување на основачкото собрание, сметајќи тоа за обид за промена на уставот.